Без вода три локации во Куманово

Без водоснабдување во текот на денот ќе бидат три локации во кумановско информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Поради дефекти на водоводната мрежа, без вода ќе биде дел од улицата „Браќа Рибар“, „Бранко Богдански – Гуцман“ и месноста викана Стари Лозја. Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)