Без канализација дел од месноста „Гладно поле “

Без канализација, асфалтен пат и улично осветлување се уште живеат жителите на населбата Перо Чичо во стариот дел на месноста Гладно поле. Ветување дека ќе се реши нивниот четиридецениски проблем добиваат пред секои избори, но се останува само на кажаните зборови од надлежните, велат засегнатите кумановци, кои месечно мора да издвојуваат по 1200 денари за цистерна за чистење на јамите.

-Како отфрлени од општеството сме тука, никој не води сметка, доаѓаат пред изборите, сите само ветуваат, од 1982 година живеам тука, секој месец цистерна плаќаме 1200 денари за исфрлување на отпадните води, кога врне со чизми гумени одиме, најтешко е за децата кога одат на училиште,  изјави жител на Перо Чичо

-Најголем проблем е што немаме канал, во секој двор од каналот може да видите вирови, летоска е мизерно овде, комарци одат по вирови, на детското одделение речиси сите не знаат, таму сме постојани пациенти. Имаш -немаш секој месец прво делиш пари за чистење на јама, по потоа за се друго, децата  кога ќе тргнат на училиште се дават во кал до гуша, додаде друг жител.

Жителите на „Гладно поле“  кое се наоѓа на еден километар до центарот на Куманово го упатија, како што велат,  последниот апел до локалната власт за урбанизирање на месноста.

-Па водат малку повеќе сметка за граѓаните и после избори, а не само пред изборите.

-Мислам дека треба да се поведе сметка, прво канал да се изгради па после се друго. Ни треба најосновно хигиена, па се друго останато.

Во врска со проблемот, локалната самоуправа најавува решавање на патната инфраструктура.

-Распишан е и во тек е постапка  за Гладно поле  за  потпорниот ѕид и решавање на патната инфраструктура долгоочекуван проблем, решавање на проблемот на поголем процент на населението во стариот дел на Гладно поле, со тоа го решаваме еден од децениските проблеми на тој дел, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Меѓу првите населени места кои ќе наредниот период ќе добијат канализација ќе биде Гладно поле, најавија од Водовод. Ова е дел од програмата за работа на јавното претпријатие за 2016-та година според која ќе се репарира и гради канализациона мрежа во должина од 20 километри, ќе отпочне изградба на атмосферска мрежа исто така во должина од 20 километри и ќе бидат заменети околу  10.000 застарени водомери со цел намалување на загубите на вода, рече директорот Горан Стојковски на една од претходните седници на Советот на општината. Вредноста на  проектите  е близу 6,5 милиони евра.

Финансиските средства за овие проекти ќе се обезбедат дел од ИПАРД фондовите, а дел од Европската инвестициска банка, со цел да се модернизира водоснабдувањето и менаџирањето со отпадните води во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)