Бектеши: Сите да се вакцинираат за да не воведеме порестриктивни мерки

Министерот за економија, Кресник Бектеши денеска појасни дека за оние угостителски објекти кои работат на отворено, со капацитет над 30 гости, секој кој ќе сака да влезе треба на редарските служби да им покаже сертификат дека е вакциниран.

-Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби, вели министерот за економија.

Тој потенцира дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на сите угостителски објекти дали мерката се почитува или не.

-Од 16 август, во внатрешните простории не може да влезат гости. Надвор, на терасите, треба да се почитуваат протоколите и плус сега со дополнувањето да се има потврда за вакцинација. Од 16 август нема да има свадби и прослави во затворен простор. На отворено, како што се бара потврда за вакцинација во угостителските објекти, така ќе се бара и за тие кои организираат свадби и прослави гостите да покажат потврда дека се вакцинирани, изјави Бектеши, дополнувајќи дека остануваат претходно донесените протоколи за угостителските објекти, сега дополнително со новата мерка.

Коментари

коментар(и)