Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛ  од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство останува на исто ниво, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС -95  ќе изнесува 67,50 денари, 69,5 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС -98,  а 60 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС.  Екстра лесното 1  и натаму ќе се продава по 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,262 денари за килограм и ќе изнесува 33,8 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,62  проценти во однос на одлуката на РКЕ од 25 месецов.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)