Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Регулаторната Комисија за Енергетика денеска ги објави новите цени на горивата, кои ќе почнат да важат од вечерва на полноќ.

Малопродажните цени на Еуросупер-95 и Еуросупер-98 се зголемуваат за 0.50 денари по литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 71.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 73.50 денари.

Цената на Еуродизел не се менува, односно еден литар дизел и понатаму ќе чини 63.00 денари.

Коментари

коментар(и)