(ВИДЕО) БЕСА: Да се подобри инфраструктурата во Куманово

Ќе вршиме притисок да се подобрат условите во основните и средни училишта, но и инфраструктурата во руралните средини. Куманово да биде рамноправно за сите, истакна на средбата со граѓаните во Куманово, носителот на советничката листа на БЕСА, доктор Хуљуси Асипи.

-Сите ветуваат исто, ние мислиме дека досега со нашите дела докажавме дека тоа што го кажуваме и го остваруваме. Наша прва цел во овие избори е да се реши дологодишниот проблем со средното училиште „Сами Фрашери“, во кое веќе 20 години нашите ученици учат во лоши услови. Тоа е ветувано повеќе пати, но од тоа досега нема направено ништо. Колку ќе можеме како Совет не сме клучни но целиот напор ќе го насочиме на тоа. Основните училишта исто имаат многу проблеми, треба да се работи во тој смер. Нашите места, особено местата каде што се населени Албанци има проблеми со водовод, канализација и други инфраструктурни проекти. Ќе вршиме притисок тоа да се направи и Куманово да биде рамноправно за сите граѓани-истакна тој.

Коментари

коментар(и)