Бесплатни превентивни прегледи за кумановци

Седумдесетина кумановци од кои поголемиот број беа повозрасни граѓани, денеска се приклучија на програмата  „ Здравје за сите“ што се одржа пред центарот за култура „Трајко Прокопиев “. Акцијата ја организира министерството за здравство и тоа на секои два месеци по една акција во сите градови низ државава.

-Тоа се бесплатни превентивни прегледи, се мери тежина, височина, крвниот притисок  и шеќер во крвта кај луѓето. Кај тие што ќе откриеме повисоки вредности ги упатуваме на понатамошни испитувања. Инаку луѓето се доста заинтересирани, загрижени се за своето здравје, бараат совети, им даваме совет за начинот на исхрана, како полесно да го пребродат овој летен и жежок период, тие што земаат хронична терапија  редовно да ја земаат терапијата, – изјави др. Милена Прокоповска,  лекар по општа медицина

Директни учесници во акцијата се медицинските работници од здравствените домови, а активно учество се планира да земат и единиците на локалната самоуправа. Целта на програмата „Здравје за сите“  е подобра едукација на населението од потребата за навремени превентивни прегледи за контрола на сопственото здравје, а со тоа рано откривање на болест или спречување на нарушување на здравјето. Активностите се спроведуваат на отворен и затворен простор, зависно од временските прилики.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)