Бесплатни прегледи за Светскиот ден на здравјето

Кумановци се почесто се вклучуваат во активностите организирани од здравствената струка во техничкото училиште „Наце Буѓони“. Денеска на Светскиот ден на здравјето средношколците бесплатно  мереа крвен притисок и ги анкетираа граѓаните за тоа колку редовно пешачат и дали здраво се хранат. Годинава овој ден се одбележува под мотото  „ За безбедна храна, од нива до трпеза“.

-Мериме крвен притисок и правиме анкета. Имаме доволен број заинтересирани што доаѓаат овде, изјави средношколка.

Учениците од здравствената струка во текот на учебната  година спроведуваат повеќе  активности поврзани со здравјето на граѓаните.

-Подготвуваат проектни задачи повтроно во областа на здравјето и истите тие ги посочуваат на учениците од осмо одделение значи на основните училишта. Нашите ученици со нивните ментори ги посетуваат деветооддделенците и вршат превенција зависно од која област е темата, пример, превенција од наркоманија, од алкохолизам, начин на здрава исхрана, прва помош и уште многу други активнсти, изјави Ленче Ѓоршевска-Анѓеловиќ, претседател на Актив на здравствена струка

По повод велигденските празници, средношколците  заедно со корисниците на дневниот центар „Порака –наша“  изработиле велигденски украси кои ќе бидат изложени утре од 10 до 14 часот во трговскиот центар Сума. Оваа продажба изложба ќе трае три дена во истиот термин, а собраните  средства ќе бидат наменети за „Порака –наша“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)