Бесплатно користење на монтажното лизгалиште

Започна со работа монтажното лизгалиште поставено во непосредна близина на градскиот базен. Кумановци изминативе два дена имаа можност бесплатно да се лизгаат на лизгалиштето кое што ќе биде поставено до крајот на зимскиот период, односно два месеца. Опремата која општината ја доби од Агенцијата за млади и спорт е поставена претходните денови.  Граѓаните можат да го користат секој ден од 09.00  до 21.00 часот, информираше  вчера градоначалникот Максим Димитриевски.  

– Ја користам приликата да се заблагодарам на Агенцијата, ние го ставивме во функција. Трошоците за функционирање ќе бидат на товар на општината и на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ кое ќе менаџира. Се надевам дека ќе се почитуваат правилата за користење и појасни дека малолетните ќе мора да доаѓаат со родител или старател, кои потпишуваат изјава, по што се  добиваат лизгалки и се користат бесплатно, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Димитриевски вели дека претходно размислувале лизгалиштето да го постават и на градскиот плоштад, но таму немало простор. За наредната година, додава тој, опремата ќе се искористи и како дел од зимско новогодишно село.

Куманово е една од седумте општини во земјава, коишто добија монтажно лизгалиште со средства од Владата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)