Бесплатно претставување на кандидати на ТВ Плус

Во понеделник во емисијата Студио плус во 18 часот и 30 минути во живо ќе се изврши ждрепка со која ќе се утврди редоследот за бесплатно претставување на кандидатските листи за советници. Поради активните ковид мерки, извлекувањето ќе биде извршено без присуство на кандидатите. Политичките партии, како и независните граѓански иницијативи навремено преку електронски пат ќе бидат известени за извлекувањето и за утврдениот редослед за претставување. Во истата емисија ќе биде утврден и редоследот по кој ќе одговараат на поставените прашања кандидатите за градоначалници, во дебатна емисија која ќе се емитува во живо на ТВ Плус на 15-ти октомври од 20 часот. Воедно информираме дека бесплатното претставување во вид на интервју со кандидатите за градоначалници ќе го емитуваме секој вторник и петок од 20 часот во емисијата СТАВ, по редоследот кој веќе го утврди Државната изборна комисија за нивниот настап на локалните избори 2021.

Коментари

коментар(и)