Бејли и Чавков во посета на Тоде Мендол

Меѓуетничкиот соживот го победи вооружениот судир, а нападот беше изолиран случај истакнаа американскиот амбасадор, Џес Л Бејли и новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков, при денешната посета на градот. Амбасадорот се сретна со градоначалникот,  претставници од СВР Куманово, а ги посети и жителите на населбата Тоде Мендол, каде пред две недели се водеше воружена престрелка. Тој изрази сочувство за загинатите полициски припадници, како и загриженост за траумите низ кои што поминаа Кумановци.

-Се восхитувам како граѓаните преку овој инцидент се соединија и ги одбија тврдењата дека ова е меѓуетнички конфликт и дека ова насилство е прифатливо, тоа е доста важна порака. Тука сум за да ја искажам мојата загриженост, но и пријателството на САД и да поразговарам со локалните лидери за тоа како да ја задржат таа иста атмосфера и соработка меѓу сите општества-наведе тој.

Новиот министер за внатрешни работи изрази задоволство од полициската акција, но нагласи дека мора да се најдат и слабостите кои што се случиле пред, за време и по настаните, бидејќи само на тој начин ќе извлечат поуки, со кои ќе го подобрат работењето на полицијата.

-Мојата интенција ќе биде апсолутно на суштинско наметнување или имплементирање на превентивни механизми кои и до сега одеа и функционира меѓутоа суштината на тие превентивни механизми ќе биде градење на силно партнерство со локалната заедница и се разбира резултатот, кој ќе биде единствен критериум, враќањето на мирот во заедницата и понатаму континуирано растење на довербата на граѓаните во полицијата-истакна тој.

Министерот додаде дека Куманово е безбедно и дека вооружениот судир е  поради одредени поединци и криминални групи, кои не наидоа на поддршка кај локалната заедница.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски се надева дека заради доброто на граѓаните, во иднина ќе има успешна соработка со новиот министер за внатрешни работи.

-Ова беше протоколарна посета на амбасадорот, министерот Чавков рече дека во нареден период ќе има  соработка со локалната самоуправа, ќе ја посети локалната самоуправа и ќе му ги изнесам моите видувања за состојбите и начинот како да ги надминеме и она што се подготвуваме да помогнеме на МВР за загинатите припадници како донација за нивните семејства-изјави Дамјановски.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)