Беџет Елези е нов вд претседател на Основниот суд Куманово

Судијата Беџет Елези е новиот вршител на должност –претседател на Основниот суд Куманово, со одлука на Судскиот совет на РМ. На денешната одржана итна седница, Судскиот совет донел Одлука за времено оддалечување од вршење на судската функција на судија-претседател на основен суд.  Согласно Законот за Судски совет на РМ одржаната седница не е јавна. Елези е поставен за вд претседател на институцијата откако вчера во акцијата „Удар“ досегашниот претседател на основниот суд беше уапсен од полицијата под  сомнение дека сторил кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.Според полицијата, тој примил поткуп од 19 илјади евра од друг осомничен за да им помогне во судски предмет за убиство во Куамново од пред 3 години.
На него и уште на шестмина осомничени во акцијата веќе им е одреден 30 дневен притвор, бидејќи за нив постоела опасност од бегство, дека може да ја попречуваат  кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело. На тројца осомничени определени им се мерки на претпазливост- одземање на пасошот, повремено јавување во судот и забрана за напуштање на живеалиштето. Еден осомничен добил куќен притвор, а за недостапниот е  издадена наредба за приведување.

МВР вчера објави дека 12-мината осомничени се товарат за повеќе кривични дела како лихварство, изнуда, криумчарење мигранти, злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)