Библиотеката го зголеми книжниот фонд

Со нови 5.000 дела, во текот на минатата година, е збогатен книжниот фонд на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово. Директорката на библиотеката, Нада Ивановска информираше дека книгите се купени со сопствени средства, дел се од владини проекти или подароци од најразлични македонски автори.

– Библиотеката располага со книжен фонд од над 190.000 книги, меѓутоа за забележување е тоа што минатата година набавивме задоволителна бројка на книги. 486 книги со 353 наслови се подарок од Министерството за култура, а дел се од проектот „Ѕвездите на светската книжевност“. Најголем број на овие книги се лектири за учениците од основните и средните училишта. За најмладата генерација читатели имаме околу 500 сликовници со 50 наслови-изјави таа.

Директорката наведе и дека бројот на понудени наслови влијае на зголемување на бројот на читатели, па затоа библиотеката ги зема предвид барањата на читателите.

– Нормално е дека бројот и изборот на книгите многу влијае на интересот на нашите корисници за зајмување на одредена книга и затоа библиотеката во текот на целата година ги следи потребите вкусевите и желбите на корисниците-додаде Ивановска.

Инаку библиотеката „Тане Георгиевски“ секоја година го зголемува книжниот фонд.

Коментари

коментар(и)