Библиотеката ќе го збогати книжниот фонд

Градската библиотека „Тане Георгиевски“ следната година ќе продолжи да го зголемува книжниот фонд, и да привлекува читататели. Директорката Нада Ивановска истакна дека е планирана набавка на 4.500 книги, од кои поголемиот дел ќе бидат купени, но ќе има и донации.

-Програмата ја предвидува вообичаената работа на ова културна институција што е пропишана со законот за библиотеки таа се однесува на набавка, чување, обработка давање на користење разновиден библиотечен материјал…правиме разновидни активности, манифестации, средби, трибини, промоции за да можеме книгата што поуспешно да ја популаризираме да ја ставиме блиску на дофат на сите потенцијални корисници од општината-нагласи таа.

Директорката Ивановска потенцираше дека идната година ќе бидат активни и на полето на дигитализација на книгите, бидејќи повеќе повеќе од половина од фондот е внесен во електронската база на податоци. Советниците од Советот на Општина Куманово, ја пофалија работата на библиотеката нагласувајќи дека постојано работи во интерес на граѓаните.

-Еве еден пример како може институција да соработува со сите фактори во државата на нашето поднебје во Општина Куманово и кадешто дава пример на сите нас како треба да соработуваме, да не се политизираме на една или друга страна, кога е во интерес на жителите на општината, односно на сите нас-изјави советникот Драги Караѓински.

-Пред нас е една добро концепирана и добро напишана програма која презентира една слоевита дејност на градење на свест и интерес кон книгата, кон популаризација на книгата во основни училишта до активности кои вклучуваат контакти со Друштво на писатели на Р.М и други асоцијации и научни институции. Радува што бројот на корисниците читателите е во постојан пораст-нагласи советникот, Јовица Станковски.

 На последната седница на Советот на Општина Куманово, советниците ја изгласаа програмата за работа на библитеката за 2016 година.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)