Библиoтеката одбележа 70-годишен јубилеј

Градската библиотека „Тане Георгиевски“ денеска со свечена седница во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, одбележа 70 години постоење. На манифестацијата беше презентиран фото материјал за напредокот и развојот на оваа установа од 1945 година. Пред присутните се обрати директорката Нада Ивановска која инфомираше дека некогашната библиотека броела само 1.300 книги, коишто ги донирале граѓаните на Куманово, а денеска книжниот фонд изнесува околу 200.000 библиотечни единици секаков вид литература, периодика, весници и друг библиотечен материјал.

-Библиотеката како единствена установа започнала да работи со едно одделение и возрасно и детско се заедно. Постепено се одделува фондот на детскиот оддел и се формира детско одделение, посебно возрасно одделение, потоа стручна обработка на библиотечниот материјал и обработка на книги кадешто веќе првите години започнува да се применуваат сите меѓународни стандарди за библиотечно обработување на книгите –наведе таа.

На седницата се обрати и првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски кој истакна дека со датумот на формирање на библиотеката започнува и периодот на едукативно и културно надградување на македонската нација.  Тој за 26 годишното менаџирање на Ивановска и додели скромен подарок, со кој и се заблагодари за сите предизвици и успеси кои што ги постигнала во изминатиот период.

-Јубилеј на постоење на културна установа која паралелно со времето расте, се развива имаме една современа модерна библиотека која во изминатите неколку години направи проекти, информатичка читална, читална за студенти, мини простории, голем фонд на книги, нова читална за децата до 8 одделение-наведе тој.

Инаку на манифестацијата присуствуваа пратеници, советници, директори на јавни претпријатија, училишта, локалната самоуправа, сојузот на борци и бројни граѓани. 

По повод јубилејот, но и Месецот на книгата, библиотеката Тане Георгиевски, годинава организира повеќе значајни настани, како книжевни работилници, промоции на книги и натпревари.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)