Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот

Црвениот крст на Република Македонија, општинска организација Куманово ги повикува граѓаните, преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнат резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд и опасност од недостаток на одредени крвни групи.

-Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на КОВИД-19 преку процесот на крводарување бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв. Одвојте 30 минути од вашето драгоцено време и посетете ја службата за Трансфузиона медицина (во кругот на општата болница) секој понеделник и четврток од 8.30 – 14.00 часот. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)