Биенална изложба на слики и графики на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“

Во Центарот на култура денеска се одржа биенална изложба на слики  на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“.На изложбата имаше слики на различни теми на ученици од сите основни училишта, кои изведуваат настава на различни јазици.Сликите беа изработени од учениците кои учествуваа на колониите од 2014 и 2015 година кои беа создавани во комплексот Етно село каде што децата покрај сликањето имаат и други културни и спортски активности. Претходните три колонии беа одржани во рекреативниот центар АСНОМ во Пелинце. Во меѓувреме е потпишан меморандум помеѓу Фондација за култура и спорт„Куманово“  со „Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост“ и „Порака наша“ каде што сликите ќе бидат донирани.Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски ја потенцираше социјалната компонента, а претседателот на фондацијата за млади и спорт Нино Величковски ја најави новата колонија и истовремено посочи за големината на самиот проект. Изложбата ја отвори Детскиот градски хор.

Оваа изложба е и донаторска изложба каде што сите овие творби се донирани од фондација за спорт и култура  на порака наша како подршка за лицата со посебни потреби. Учествуваат дваесетина талентирани уметници од кои четири-пет од Дневниот центар и Порака наша. Од тој аспект од центарот за социјала на општината и од секторот за социјала им се дава подршка, вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово

На мое големо задоволство и сите кои учествуваат во проект кој трае веќе пет години, оваа година ќе биде шеста година дестски ликовен камп кој ќе се одржи од 20ти до 24 јуни. Традицијата продолжува со големо задоволство и сознание дека во овие пет години учествуваа учениците од петто до девето одделение од основните училишта во Куманово кои го покажаа својот талент.  Избрани од ликовните ментори во овие години 150 учесници изработија 300 – 400 слики во повеќе техники, вели Нино Величковски, претседател на Фондација за култура и спорт „Куманово“

Професорите и учениците кои што биле директно вклучени во креирањето на сликите го искажаа своето задоволство што биле дел од колонијата. Покрај активностите за сликање, учениците имале и програма за игра, но и слободно време каде што другарувале и запознавале свои врсници од други училишта. Професорите посочија дека на изложбата има слики кои се прилично квалитетни.

Се работеше три дена, четвриот ден беше изложба се работеше во три техники графичка, сликање на платно, а третата се скулптури кои се изложени во посебен дел. Мислам дека децата убаво ја завршија работата, има прекрасни слики, вели Елена Спасовска – Радошевиќ, професор- метнор во проектот

Сликавме на платно и монотопија. Насликав птица, а за монотопија беше самрак слика. ,вели Давид Чедомировски, во ученик во О.У Браќа Рибар, село Табановце

Работевме со графика, со скулптура, со слики. Беше многу убаво време. Сликавме дрво, кое што беше во натура, Алванита Азири, ученик во О.У Битолски Конгрес, село Лопате.

Сликите ќе бидат изложени во Центарот за култура уште десет дена. Од Фондацијата за култура и спорт посочија дека во план е проширување на оваа колонија во меѓународна со што би можело да се очекува подршка на проектот  и од Министерството за култура.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)