Бизнис и граѓанскиот сектор на заедничка маса

Во рамките на проектот„ Финансиска одржливост на невладините организации  во соработка со бизнис секторот“ ,  Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Фондацијата Албиз денеска организираа средба на стопанствениците и локалните невладини организации . Целта на проект е да се подобри  финансиската одржливост на невладините организации во соработка со бизнис заедницата. Проектот е финансиран од Европската Унија, а  ќе се имплементира во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Куманово.

-Идејата наша е преку овој проект да ги споиме заедно бизнис заедницата и невладиниот сектор,   да се изнајдат можности како тие да соработуваат  за општото добро на државата. Од оваа природа ова е прв состанок во Куманово, порано сме имале и други состаноци само со невладиниот сектор . Сега обезбедуваме некој непосреден контакт меѓу нив со цел да дискутираат кои се можностите и даночните олеснувања за компаниите доколку го подржуваат невладиниот сектор , изјави Дрилон Исени, Стопанска комора на Северо-Западна Македонија

– Целта на проектот е да се поттикне соработка помеѓу невладиниот сектор и бизнис секторот бидејќи според сите сознанија и претпоставки -поддршката на невладниот сектор од страна на странските донатори  со тек на времето опаѓа така што наша цел е да се поттикне соработка меѓу секторот НВО со бизнис секторот како потенцијален донатор и потенцијални можни финансирања на проектните активности на невладиниот сектор од страна на бизнис секторот , изјави  Илир Идризи, извршен директор на Фондација „Албиз “

Фондацијата „Албиз “ е стопроцентно финансиски поддржана од бизнис заедницата, а со овој пример првите луѓе на фондацијата сакаат да покажат и докажат дека граѓанскиот и бизнис секторот  може многу повеќе да соработуваат отколку во досегашниот период.

 – Ние како невладина организација  согледавме дека многу малку соработуваат невладините организации и бизнис секторот , ова можеби ќе биде како една каписла иницијативна каде што ќе се обидеме да обезбедиме можности за развивање на таа соработка бидејќи гледаме во други држави дека соработката со невладините организации и бизнис секторот оди во многу нагорна линија што не е случај овде кај нас, изјави Ашмет Јашаревски, ДРОМ

Преку низа активности проектот почнал да се реализира во декемри минатата година, а ќе трае 18 месеци односно до мај 2017- та година.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)