Благајник од „Чистота“ присвоил 1,5 милиони денари

Благајник го оштетил буџетот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило за 1,5 милиони денари, тврди Управата за финансиска полиција. Поради тешкиот финансиски криминал до Основното јавно обвинителство во Куманово, против лицето вработено во претпријатието е поднесена кривична пријава за „проневера во службата“ и „послужување во службата“.

Пријавената, во својство на одговорен благајник, од ноември 2008-та, па до август минатата година, неовластено присвоила парични средства, кои не ги евидентирала и со тоа го  оштетила буџетот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Со цел прикривање на кривичното дело, присвоените парични средства не ги евидентирала во благајната на претпријатието, а поголем дел од пропратната документација која била должна согласно описот на работното место да ја изготви, ја уништувала.

Финансиската полиција  и во идниот период ќе го чешла работењето на ова јавно претперијатие, со цел да утврди дали и други вработени имале допир со паричните средства.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)