Благе Јакимовски-претседател на пензионерите

Благе Јакимовски е новоизбраниот претседател на здружението на пензионери „Куманово“  на денешното изборно собрание. Новиот претседател доаѓа на местото на досегашниот  Спирко Николовски, кој што два мандати  беше на претседателската функција на здружението на пензионери. Јакимовски , кој што е актуелен секретар на Сојузот на борци во Куманово, на денешното изборно собрание ја доби довербата од 22 делегати. Освен претседател, ќе бидат избрани и потпретседател, членови на извршен и надзорен одбор, одбор за Статут за правни прашања и двајца претставници за Сојузот на пензионери на Македонија.

Коментари

коментар(и)