Благодарници за поранешните кошаркари во Куманово

Кошаркарскиот клуб Куманово на натпреварот кој се одигра во сабота им додели благодарници на дел од кошаркарските асови на градот, кои сега веќе се во пензија, но во младоста дале особен придонес за развој на овој спорт во Куманово. Претседателот на КК Куманово, Александар Крстевски, им додели благодарници на Соња Саревска, Александар Младеновски и Момчило Ивановски. На овој начин, клубот сака да им се заблагодари за нивниот придонес во кошарката.

-Ние имаме многу ѕвезди од кои што треба да научиме и кои треба да ги почитуваме сите што придонеле во кошарката и сакаме на некој начин да им искажеме едно големо благодарам и се надеваме дека многу други деца ќе го видат ова што го работиме, ентуизјазам и продолжиме за помасовно и спортско Куманово-истакна Крстевски.

Претходно вакви благодарници добија и други поранешни кошаркари од градот, а ваквата пракса ќе продолжи и на следните натпревари.

– Да се заблагодарам за оваа благодарница на КК Куманово бидејќи не не заборави нас старите кошаркари, мислиме дека и понатаму Куманово и понатаму ќе постигнува успех.  Имаше убави спомени игравме во втората Југословенска лига, постигнавме добри резултати, имаше добра атмосфера, имавме поддршка и мислам и понатаму ќе постигнуваме успех на ова поле.  Кошарката е еден од најубавите спортови, младите треба да се занимаваат со овој спорт, подобро да играат кошарка, ракомет, и да растат правилно и да се развиваат-посочи Момчило Ивановски, поранешен кошаркар на КК Куманово.

На последниот меч кој Куманово го одигра на домашен терен, го совлада Еуро Никел со што се искачи на врвот на табелата, каде второто место го дели со Кожув, Работнички, Гостивар и Еуро Никел, додека на врвот е само МЗТ кој им „бега“ со само еден бод повеќе.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)