Благојче Јакимовиќ- нов претседател НСДП Куманово

Благојче Јакимовиќ е нов претседател на општинската организација на НСДП Куманово.

Ваква одлука вчера беше донесена на четвртата општинска изборна конференција која се одржа во Занаетчискиот дом.

„НСДП 14 години е присутна на политичката сцена. Тргнавме по слоганот Силно и чесно и опстојуваме толку години.  Излеговме два пати самостојно на избори и денеска сме предводници на иницијативата за една изборна единица, за самостоен настап на избори. Како политичка партија доживеавме и политички поделби , но поголемиот дел од нас присутните вечерва дадоа свој придонес во формирањето на општинската организација  и водењето на локални и државнички политики, со што НСДП Куманово е една од , можеби и најсилната општинска организација на Нова Социјалдемократска партија“ , рече Благојче Јакимовиќ, претседател на НСДП Куманово

-Во април повеќе од сигурно е дека оваа коалиција ќе победи на изборите и во наредниот период максимално ќе се посветиме и ќе дадеме придонес во самата коалиција,  рече Благојче Јакимовиќ, претседател на ОО на НСДП Куманово 

 Јакимовиќ моментално ја извршува функцијата советник во Советот на Општина Куманово, а е вработен во ЈП „Водовод“ .

Освен нов претседател, беа избрани и нови членови на Надзорниот и Извршениот одбор.

На конференцијата покрај делегатите, присуствуваше и претседателот на НСДП Тито Петковски, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Горан Мисовски, како и министерката без ресор во Владата на Република Северна Македонија Зорица Апостоловска.

-Сакам искрено од овде да порачам, ние не сме инфериорна политичка партија, можеби немаме бројно членство, ама ви гарантирам дека имаме конкурентни програми со кои можеме да се јавиме на овие избори со понуда јасна и да бараме од луѓето свесни, образовани, интелектуалци, бизнисмени поддршка на тие проекти кои водат кон една побрза реформа на македонското општество во сите сфери, рече Тито Петковски, претседател на НСДП. 

Новоизбраните органи ќе раководат со општинската организација во наредните четири години.

Коментари

коментар(и)