Благ пад на нови случаи од Ковид 19 во текот на изминатата недела

Во текот на изминатата недела (05.04 – 11.04) се бележи благ пад на бројот на новозаболени, но и благ пораст на починати пациенти од коронавирус во Куманово споредбено со неделата претходно.

Вкупно 484 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково). Тоа претставува благо опаѓање на бројот на заболени во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 503 нови случаи.

Незначителен раст бележи бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија 16 лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 15 починати лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во четврток, вкупно 90 лица, а најцрн ден од изминатата недела според бројот на починати е петок, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале по четворица пациенти.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 6.148 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 264 пациенти од нашиот град починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 7.654 случаи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)