Богата културна недела во Куманово

Повеќе културни настани ќе ја одбележат неделава. Утревечер во центарот за култура Трајко Прокопиев ќе се одржи концерт на Триото Џентлмен од Скопје. Концертот како и сите останати активности се со почеток во 20 часот. Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат  да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За ова кратко време колку постојат (околу две години) имаат настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерти, како и, дел од големи манифестации во нашата држава, а и надвор од неа.

-За љубителите на пишаниот збор на 26 април во четврток ќе имаме една интересна презентација на едно најново остварување на Богатин Јосимовски,  насловена како Препки,  една интересна книга пишувана во стихови која зафаќа еден подолг временски период и каде што случувањата на Македонија од независноста па наваму е напишана во стихови, центарот за култура тука се јавува како издавач, ќе имаме интересни гости, интересни осврти за самата книга . Да ги информирам гледачите дека во четврток со почеток во 20 часот ќе ја промовираме оваа најнова книга , потоа во петок на 27 април во петок ќе имаме можност да го проследиме најновото филмско остварување на Милчо Манчевски -Бикини мун , тоа е драма, документарен филм кој почна да се дистибуира во кино салите ширум Република Македонија , во центарот за култура ќе биде претставен во петок со почеток во 20 часот, изјави Роберт Цветковски, директор на Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Последната активност од областа на културата, е концертот на културно уметничкото друштво Српски вез , кој ќе се одржи на 28 април, сабота во големата сала со почеток во 20 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)