Богата програма за Денот на градот

Општина Куманово организира бројни културни и спортски манифестации по повод 11 Ноември, Ден на ослободување на Куманово. Вечерва, со почеток во 19 часот во Занаетчискиот дом, градската музика „Илинден“ ќе одржи концерт по повод, Денот на градот и значајниот јубилеј, 110 години од функционирањето на градската музика. Утре, во спортската сала ќе се одржи турнир во мал фудбал, „11 Ноември“ за пехар на градоначалникот.

-Задутре, во Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на слики од колонијата „Карпино“. Во предвечерието на празникот ќе се одржи  ноќна ателетска трка која ќе започне пред поранешнит хотел „Кристал“. На 10 ноември со почеток во 20 часот во Уметничката галерија ќе биде отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници“.Традиционалниот мега концерт  ќе се одржи на градскиот плоштад на   10 ноември  со почеток од 20.30 часот на кој ќе настапат познати македонски изведувачи, групата „Нокаут“, Бени Шакири и групата Нон Стоп и кумановските изведувачи, Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски, Марио Арангеловски и Мартија  Станојковиќ. Како и секоја година прославата  ќе биде проследена со спектакуларен  огномет“- изјави Бисера Арсовска, советник за информирање и односи со јавност во Општина Куманово

Од општина Куманово ги поканија граѓаните да присуствуваат да градскиот плоштад и заеднички да го прослават Денот на ослободување на Куманово. На 11 ноември, бројни делегации ќе положат цвеќе на Спомен Костурницата, а напладне ќе се одржи и свечена академија, во општинската сала во зградата на поранешен комитет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)