Богата програма за празникот на градот

Со Поткозјачките литературни средби започнуваат активностите во рамките на Ноемврските денови. Во пресрет на денот на ослободувањето на Куманово, 11-ти Ноември , под покровителство на општината ќе се организираат повеќе културни и спортски манифестации. Новина е што годинава за прв пат ќе има две вечери концерти на отворено, на градскиот плоштад . Првата вечер ќе настапи легендата на легендата на староградската и тамбурашка музика на просторите на некогашна Југославија, Звонко Богдан  , а на 10-ти ноември босанската група Хари Мата Хари.

-Оваа година има некои новитети така што традиционално на 10-ти ноември имаме голем спектакл на плоштадот во Куманово, предвидуваме нешто и за 9-ти, а имаме и други културни и спортски манифестации кои што сакаме да ги одржиме во рамките на Ноемврските денови. Традиционално секоја година ноемврските денови почнуваат некаде од први ноември па завршуваат до 15-20  зависно од бројноста на културните  манифестации. Оваа година малку порано почнавме. Со возобновувањето на Поткозјачките литературни средби ќе ги почнеме Ноемвриските денови , изјави Цоки Ристовски, раководител на Сектор за култура во Општина Куманово.

И двете вечери кумановци ќе имаат можност да уживаат во богатиот репертоар и програма предвидена во чест на празникот. Освен Звонко Богдан, на 09- ти ноември на градскиот плоштад ќе настапат и Кумановски тамбураши , а следната вечер, покрај  Хари Варешановиќ  вечерта ќе ја збогатат со своите изведби и Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ , Мартија Станојковиќ, Марио Арангеловски , Аулона Ајрулау и Бесим Мифтари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)