Богата програма на „Рома труба фест “

Кумановци синоќа имаа можност да уживаат во звуците на трубата на 14-тиот „Рома Труба Фест“. На дводневниот фестивал што се одржува на градскиот плоштад настапуваат вкупно15 оркестри од Србија, Франција, Белгија, Кипар и од македонската сцена. Организатор на традиционалната манифестација е Ансамблот за народни ромски песни и игри „Рушит Шакир“, а фестивалот  е поддржан од Општина Куманово и министерството за култура.

– Министерството за култура поддржува многу фестивали и културни настани во државата и го поддржа и овој фестивал , но бидејќи наредната година ви е јубилеј ќе се потрудиме нашата подршка во иднина да биде поголема. министерсто за култура секогаш и за секого ќе биде на линија на уметноста и ќе подадеме рака на поддршка за вакви убаво настани. Сега нека започне музиката, нека се слави различноста, нека се слушаат трубите и до соседните градови, рече Хусни Исмаили, министер за култура

Фестивалот „Рома труба фест“ го отвори градоначалникот Максим Димитриевски.


-Да ви посакам да уживате во овој фестивал кој што навистина го право куманово многу специфичизјави , тоа е нашето богатство македонски, ромски, албански српски сите јазици тоа е мултиуетничко модерно современио и европско Куманово , го прогласувам овој фестивал за отворен, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

На првата фестивалска вечер настапија Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Бојан Ристиќ од Србија и оркестрите од Франција и Кипар, а специјален гостин беше  Роберт Ферчо и Бед Бојс.

Вечерва кумановци ќе ги проследат настапите на Џамбо Агушев, Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, млади Браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестрите од Франција и Кипар, и специјалната гостинка „Љубојна“.

За фестивалот  годинава се обезбедени  300.000 денари од ресорното министерство и локалната самоуправа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)