Божја црква подели пакетчиња на стечајците

Околу 500 божиќни пакетчиња денеска подели Евангелистичко-протестанската црква на децата на стечајните работници од градот. Од црквата велат дека пакетчињата се со цел да ги израдуваат внуците на оваа категорија граѓани. Тие ветија дека наредната година ќе дадат се од себе, за да поделат повеќе пакетчиња на стечајците низ државата.

-Оваа не значи дека многу  ќе им помогнеме, повеќе е чин да давање, сакаме да се осврнеме на тој чин затоа и поканивме политички претставници. Поблагословено е да се дава, отколку да се прима. Тоа беше идејата и да ги израдуваме во пресред на Божиќните празници. Донацијата е лично наша од нашите цркви се организираме како протестански заедници веќе 20 години-посочи  Зоран Колевски претставник на Црква Божја.

Божиќните пакетчиња ги донирале луѓе од Западна Европа и САД. Претставникот на стечајните работници, Лилјана Георгиевска се заблагодари за донацијата, истакнувајќи дека барем некој успеал да се сети на нив.

-Толку ми е тешко и мака, што ова се случува во нашата држава, не по наша вина што останавме на улица, и што моравме да чекаме од цркви за да ги израдуваме нашите внуци. Верувајте многу е тешко и еден апел до сите политички партии да не дозвулуваат само цркви да ги покриваат стечајните работници туку да седнат и да го изгортват предлог законот и тие сами и да ја обештетат оваа категорија луѓе за да може и ние да се радуваме и од свој џеб да купуваме подароци-нагласи таа.

Од Евангелистичко-протестанската црква се надеваат дека наредната година ќе доделат пакетчиња и за децата на стечајните работници од други градови од државата.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)