Болести на тироидната жлезда

Во земјава расте бројот на лицата што страдаат од нарушување на работата на штитната жлезда . Но, за жал многу од пациентите лекуваат други болести , долготрајно и безуспешно без да се посомневаат дека проблемите им се предизивикани од зголемено или намалено лачење на тироидната жлезда, предупредуваат лекарите. Во нашата држава имаме недостиг на продукти што се богати со јод , а внесувањето на јодот всушност влијае на исправната работа на тироидата, велат надлежните, но со напомена дека дека стресот и нервозите го зголемуваат ризикот од нарушување на оваа жлезда. Поради ова лекарите апелираат до граѓаните кои што речиси никогаш или поретко одат на прегледи да ја контролираат жлездата, преку испитувањата да се види структурата односно функцијата  на штитната жлездата, која е честа патологија на нашето поднебје. Инаку, болеста се нарекува и гушавост.

– Правиме скрининг , би требало да се испитаат луѓето кои што никогаш не отишле на доктор, значи не оние кои што имаат симптоми, кои што веќе се контролираат  за тироидната жлезда , туку оние кои што никогаш не направиле ехо на тироидната жлезда, изјави д-р  Искра Битовска од  Клиниката за ендокринологија во Скопје

Зависно од тоа дали функцијата на тироидната жлезда е намалена или зголемена пациентите слабеат или се здебелуваат.  При зголемено лачење на жлездата и апетитот на заболениот е зголемен, односно повеќе јаде, се поти, му треперат рацете, а може и целото тело, паѓа косата, а пациентот слабее. А пак во обратниот случај, не консумирање на храна и отоци по телото доведуваат до здебелување на заболениот. Затоа е многу битно не само да се испитуваат хормоните, туку да се испита и функцијата  која што може да се утврди со помош на ехо кардиографија.  Со подигнување на свеста за тироидните болести може да има резултат во нивното превенирање , навремено дијагностицирање и успешно лекување, потенцираат лекарите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)