Болницата набави нови апарати

Општата болница набави нови апарати  заради подобрување на здравствените услуги на пациентите. Холтер за мерење крвен притисок, спирометар и стрес тест се само дел од апаратите кои денеска беа промовирани во присуство на државниот секретар на министерството за здравство, директорот на трансфузија, на фондот за здравствено осигурување, министерот за локална самоуправа  и други надлежни во областа на здравството.

-Набавена е следната апаратура, коронарен  стрес тест, холтер за мерење на крвен притисок и за следење на срцевиот ритам, спирометар, ехо за синуси.Со оваа нова апаратура ќе бидат воведени и овие нови методи кои досега не ги направивме во нашата болница, изјави Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово

Инвестицијата на болницата заедно со министерството за здравство за вкупната апаратура чини 4 милиони денари. Тука се вбројува и компјутерската томографија и ехо апарати,  донација на министерството.

Државниот секретар во  надлежното министерство Насуф Ипчја денеска беше информиран за сработеното во болницата изминатиов месец, но и за тековните активности.

-Бев известен дека во овој дел е претставен еден регионален центар за трансфузија што значи дека им пружаат помош на сите пациенти за да не талкаат  во други градови и се што може во Скопје да се направи, да можат помошта и негата да ја добијат тука. Знаејќи дека Куманово е регионален центар и центар што во оваа болница се нуди помош и на лица од други места, знаејќи дека тука е блиску и регионот Медвеѓе, Бујановац, и сите тие пациенти користат право и можност во оваа институција да ја добијат потребната помош, изјави Насуф Ипчја, државниот секретар во министерството за здравство

Директорот Љатифи денеска најави и префрлување на Одделот за дијабет во нови простории со дополнителни двајца лекари специјалисти, преселување на амбулантите за ОРЛ и офтамологија во сегашните простории за дијализа кои се во фаза на реконструкција, а зборуваше и за новиот ургентен центар кој допрва ќе се гради на површина од 710 метри квадратни , инвестиција вредна 20 милиони денари од министерството за здравство.

Инаку, истата делегација попладнево го посети и Здравствениот дом во Липково.

Коментари

коментар(и)