Болницата нема апарат за снимање густина на коските

И годинава на Светскиот ден на борба против остеопорозата, 20-ти октомври, општата болница во Куманово е без апарат за снимање на густина на коските, иако граѓаните се интересираат за остеопорозата. Ортопедот, Стефан Трајановски истакна дека заради тоа тие се принудени пациентите да ги препраќаат на Клиничкиот центар. Тој додава дека за разлика од предходните, последниве години е значително подигната свеста за ова заболување, кое особено  е изразено кај женската популација на возраст над 55 години, односно во периодот на постменопауза, додека соодносот со мажите е 3 наспроти 1.

-Сте виделе порано стари бабички кои се наведнати, кога одат гледаат во земја. Тоа е таа состојба на остеопоротични промени на рбетниот столб кои предизвикуваат неможност постарите жени во напредната возраст да се исправат. Исто така многу позначајно од ова искривување не секој од напредната возпраст се наоѓа во една природно искривеност, многу позначајно е зголемената кршливост на коската заради губење на коскената маса-изјави тој.

Тој наведе дека најчесто скршениците настануваат на колкот, дури и при падови коишто не се значајни, и во помлада возраст би предизвикале само модринка. Инаку остеопорозата не дава никакви симптоми на почетокот на болеста. Но, додаде дека постојат неколку превентивни мерки со кои може да се сочува здрава и цврска коска.

-Уште во најрана годишна возраст ние тоа го правиме како еден вид на кампања, со капки за коски коишто ги препорачуваме а е препорачливо секоја жена над 55 годишна возраст да изврши и следување на густина на коски. Тоа на една масовна, популација може да биде извршено со ехо преглед на пета, но за да се одреди терапија соодветна за остопорозата потребно е едно друго, иследување кое се наредкува дексасклем…      

Инаку со ехо проверка на пета може да се одредат лица кои се потенцијално страдаат од оваа заболување, но со него не може да се одреди точната терапија, ниту пак да се следат резулатите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)