Болницата се уште е без мамограф

Општата болница најдоцна за два месеца ќе добие мамограф, најави министерот за здравство Венко Филипче при последната посета на здравствената установа во Куманово. Министерството за здравство одамна најавуваше дека планира да набави осум мамографи кои ќе бидат распределени во неколку јавни здравствени институции во државава, меѓу кои и кумановската болница.

-Точно е дека набавката на мамографи за најавувавме подолго време, меѓутоа причината за тоа беше што ги евалуиравме и постојните мамографи, дали се тие во функција на начин на кој треба да бидат, а се контролираат повеќе работи, степенот на зрачење, поставеноста, а се со цел да се добие квалитетна слика и ќе кажам дека постапката е веќе започната во рамки на Министерството за здравство и оваа болница е влезена во планот да добие мамограф, непосредно после завршување на истата. Јас се надевам дека согласно сите законски пропишани временски рамки дека  таа набавка ќе трае за следните седум до осум недели, изјави Венко Филипче, министер за здравство

Новиот мамограф ќе биде современ дигитален со висока резолуција и одличен квалитет на снимка.

Што се однесува до мамографот кој беше донација од невладина организација , поради дотраеност престана да функционира во октомври 2017 –та година. Со апаратот  од 1996 –та година им беа извршувани прегледи на пациентки од Североисточниот регион, но поради дефект на стариот мамограф, пациентките повеќе од година ипол се упатуваат на прегледи во јавните и приватните здравствени установи во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)