Болницата ќе добие мамограф

Кумановската Општа болница до мај годинава ќе добие мамограф. Министерството за здравство планира да набави осум мамографи кои ќе бидат распределени во неколку јавни здравствени институции ширум државата, меѓу кои и Општата болница , информираше вчера ресорниот министер Венко Филипче, по посетата на здравствената установа.

-Веќе до крајот на оваа недела ќе започне постапката така што зависно колку траат временските рокови, веруваме дека за период од два до три месеци апаратот ќе стигне во кумановската болница, изјави Венко Филипче, министер за здравство

Голем дел од апаратите што се користат во болницата на сите оддели се дотраени заради што има потреба од набавка на нова медицинска опрема.  

-Дел од она што ни недостасува на ниво на целата болница се ехо- апарати, стерилизатор, EKG – апарати, значи се она што е неопходно за работа кое со годините се амортизира и е потребна замена со нови апарати. Конкретно за Одделот за гинекологија и акушерство има потреба од набавка на CTG- апарати, фетоскопи, ехо -апарати и останата опрема која што дел од тоа ние ќе купиме, но дел очекуваме донација од Project HOPE , изјави Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово

Што се однесува до мамографот кој беше донација од невладина органзиација , поради дотраеност престана да функционира во октомври 2017 –та година. Со апаратот  од 1996 –та година им беа извршувани прегледи на пациентки од Североисточниот регион, но поради дефект на стариот мамограф, пациентките повеќе од 15 месеци се упатуваат на прегледи во јавните и приватните здравствени установи во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)