Болницата ќе набавува нова опрема

Набавка на дополнителна медицинска опрема за поквалитетна здравствена услуга и заштита на пациентите во кумановската Општа болница најавуваат надлежните и за наредната година.

Дел од апаратите ќе бидат обезбедени со сопствени средства на болницата,  а за покрупните инвестиции ќе се бараат донации, информира директорката Снежана Захариева.

-Наредната година планирано е да се изведуваат лапараскопски операции на одделението за гинекологија и едукација на кадарот, за што ќе се набави соодветна опрема. Планирано да се отвори центар за дојка со скрининг и дијагностика на карцином на дојка. За останатите потреби на кумановската болница ќе чекаме одделенијата, нивните началници, стручниот тим да ги достават нивните барања, со дел од нив веќе сме запознаени, а потоа стручниот колегиум и управниот одбор да одлучат колку средства да одвоиме за наредната година. Се надевам дека ќе бидат задоволни и колегите и пациентите , изјави Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово

Последната инвестиција на Општа болница Куманово беше набавка на софистициран  апарат за операција на катаракта, за потребите на очното одделение ,а претходно  болницата одвои сопствени средства за набавка на опрема за физикална терапија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)