Борците пред споменикот на Вера Которка

На денешен ден пред 74 години Вера Трајковска- Которка од Куманово го даде  својот живот за денешна слободна Македонија. По тој повод , членови на сојузот на борци од Куманово изминатиов викенд положија цвеќе пред споменикот на Вера Которка на Пониква, кај Кочани,  а ученици од основното училиште од Клечовце  кое што го носи нејзиното име прочитаа пригоден говор за животот и борбениот пат  на хероината.

„Вера Трајковска Теодосиевска – Которка, сакана и почитувана меѓу своите соборци, како истакната и храбра припадничка на прославената Трета МУБ, загина  на 11 јуни 1944 година, во цветот на својата младост во една од последните, завршни пресметки со единиците на бугарскиот фашистички окупатот. Беше погодена со смртоносен куршум од непријателот недалеку од ова спомен-обележје каде беше и погребана од своите другари, а подоцна, по ослободувањето  нејзините посмртни останки се пренесени во Куманово. Пред присутните се обрати и Цоки Ристовски, во име на општинскиот сојуз на борци.

Вера Которка е родена во 1925 –та година во Куманово, која уште од мали нозе е полна со идеи за национално, социјално и класно ослободување. Како гимназијалка ја предводела младинската скоевска група , а од почетокот на Втората светска војна активно била вклучена во Народноослободителните партизански одреди, по што продолжува и во сите борби од познатата Пролетна офанзива на Третата МУБ во својство на храбар борец и член на Бригадниот комитет на Штабот  на Бригадата. На 11 јуни во 1944 година, Вера Которка паѓа во заседа од бугарската фашистичка војска и загинува на Осоговските планини.

Коментари

коментар(и)