Борците со историски час го одбележаа Второто заседание на АВНОЈ

Сојузот на борци од Куманово  денеска по повод некогашниот најголем државен празник во поранешна Југославија, 29 Ноември- Денот на Републиката одржа историски час за значењето на АВНОЈ за македонскиот народ. На овој ден пред 75 години е одржано Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Босна и Херцеговина, кога  се конституира Нова Југославија како федеративна држава со шест републики на пет нации. Одлуките на Второто заседaние на АВНОЈ биле основа за конституирањето на Македонија како посебна држава во југословенската федерација.

-Овој датум од НОВ е многу битен како за тогашна Југославија, така и за денешна Македонија бидејќи тука за првпат националните прашања на Македонците се решени, односно се ставени темелите кои што врз основа на овие одлуки партиското раководство и раководството на Комунистичка партија на Македонија ги презема активностите на слободна територија на Козјак планина на 02 август да го одржи Првото заседание на АСНОМ каде што ги удира темелите на современата македонска држава, изјави  Цоки Ристовски, Сојуз на борци, Куманово

На овој датум пред 75 години се донесени историски одлуки кои што имаат далекусежно значење и за тогашна Југославиј, но конкретно и за територијата на Македонија, рече пред присутните на историскиот час, професорот по историја Радован Илиќ.

– Овде е донесена одлука дека конститутивни народи на Југославија ќе бидат и Црногорци и Македонци и гарантирани се граѓански права исто така и за сите други малцинства. Што се однесува до Македонија, со одлуките Нова Југославија ќе има ново уредување од федеративен тип каде што е предвидено признавање на македонската нација а исто така е предвидена и федерална единка Македонија заедно со другите федерални единки, Словенија, Хрватска, БИХ , Црна Гора и Србија. Изјави Радован Илиќ, професор по историја

Претходно членовите на боречката организација и граѓани поддржувачи положија цвеќе пред спомен-бистата  „Жена борец“  на градскиот плоштад .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)