Борците ќе го одбележат формирањето на Трета МУБ

Општинската организација на Сојузот на борци од Куманово на 26-ти февруари ќе ја одбележи 75 годишнината од формирањето на Третата Македонска ударна бригада. По тој повод боречката организација организира посета на Жегљане со бесплатен превоз за граѓаните. Но, секако дека заинтересираните треба навремено да се пријават за присуство на одбележувањето на овој значаен датум за Сојузот на борците.

– Ние ќе тргнеме таму и ќе евоцираме спомени, ќе положиме свежо цвеќе, ќе има пригоден говор и поради тоа ги информираме граѓаните на Куманово дека на 26-ти февруари ќе тргнеме од пред зградата на поранешен комитет во 10 часот. Сите заинтересирани кои што можат и кои што сакаат бидејќи тоа е работен ден, вторник ќе треба утре, во петок и во понеделник да дојдат во просториите на боречката организација и да се запишат затоа што врз основа на бројот што ќе биде пријавен и колку ќе треба да тргнат во Жегљане,  ние ќе треба да ангажираме автобуси, изјави Благе Јакимовски, претседател на општинска организација на Сојузот  на борци на Македонија од Куманово

На 26-ти февруари во 1944-та година бригадата е формирана во козјачкото село Жегљане од двата кумановски баталјона, „Христијан Тодоровски Карпош“  и „Јордан Николов Орце“ и третиот, преспанско- битолскиот  баталјон „Стив Наумов“. За краток период , бригадата бележи бројни успешни акции.

-Во активностите на Трета МУБ се вбројуваат , ослободувањето  на Велес на 08-ми ноември , ослободување на Скопје 13 –ти ноември, ослободување на  Тетово на 18 –ти ноември и со тоа Македонија е ослободена.  Трета Македонска  потоа се враќа во Куманово и од железничката станица надолу има од сите страни луѓе кои што ја поздравуваат и бригадата влегува во Куманово. Денеска во Куманово од Трета МУБ се Царевка Виличиќ, Драга Стојановиќ и командантот  Јордан Цеков Дане, кои што се уште се живи, изјави Благе Јакимовски, ОО на Сојуз на борци, Куманово

Сојузот на борци од Куманово неодамна во рамки на програмата за означување на значајни настани и личности од народноослободителната и антифашистичка војна, го одбележа и 7-ми февруари,  денот кога загинал козјачкиот командант Христијан Тодоровски Карпош.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)