Борците ќе го одбележат формирањето на 3-та МУБ

Сојузот на борци Куманово во петок, на 24-ти февруари во село Жегљане ќе го одбележи датумот на формирање на Третата македонска ударна бригада. По тој повод тие ги повикаа заинтересираните граѓани да се приклучат во одбележувањето. Секретарот на Сојузот, Благе Јакимовски објасни дека двете формирани македонски бригади добиле задачи да го разгорат народноослободителното движење во текот на 1944 година.

-Групата баталјони составена од битолско-преспанскиот баталјон Стив Наумов и бугарскиот партизански баталјон Христо Ботев добија задача од северна Грција  да поминат преку Беласица, Огражден, Плачковица Осоговските планини и да дојдат на слободна територија на планината Козјак тоа беше Февруарски поход. Тој започнува на 31 јануари 1944 година а завршува на 24 ти февруари кога групата баталјони пристигнува во село Бајловце на слободна територија на козјачието-истакна тој,

Со групата баталјони пристигнало и военото и политичкото раководство на Република Македонија. Од тука ќе започнат и подготовките за организирање на АСНОМ.

-Кога пристигнаа овие баталјони на козјачката територија тие беа пречекани од двата двата кумановски баталјони Орце Николов и Христијан Тодоровски Карпош и се создадоа реални услови на ова подрачје да се формира бригада, 3 –та македонска бригада која називот ударна ја стекнува подоцна во текот на борбите-додаде Јакимовски.

Од Сојузот истакнаа дека заинтересираните граѓани веќе од утре можат да се пријават за беспланиот превоз кој е планирано да тргне во 10 часот пред зградата на поранашен Комитет.  Инаку Сојузот на борци неодамна во рамки на програмата за означување на значајни настани и личности од народноослободителната и антифашистичка војна, ги одбележаа 13-ти јануари кога се случила битката на Пелинце, како и 7-ми февуари денот кога загина козјачкиот командант Христијан Тодоровски Карпош.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)