Борците ќе го одбележат 26-ти јуни

Сојузот на борци од Куманово утре ќе ја одбележи 76- годишнината од излегувањето на јадрото на Вториот партизански одред кој се приклучил кон борбите од НОВ на Македонија. Во близина на спорската сала во познатата Цекова Бавча, пред споменикот цвеќе ќе положат  членови на Сојузот на борци, претставници на Советот на Општина Куманово, членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и деца од детската градинка „Ангел Шајче“.

– Традиционално Сојузот на борците ќе положи свежо цвеќе во Цековата бавча и во воденицата на Христијан Тодоровски Карпош односно на фамилијата Тодорови каде што излегуваат вкупно 11 борци, од воденицата на Карпош 4 борци, а од бавчата Цекова 11 борци кои што по излегувањето на 26 јуни 1943 година се приклучуваат на Кукавичкиот партизански  одред каде што потоа за краток временски период стекнуваат борбени партизански искуства и за два до три месеци го формираат Кумановскиот партизански одред на чело со командантот Христијан Тодоровски Карпош. Ги повикувам сите граѓани на општина Куманово кои што сакаат да оддадат почит и да го одбележат излегувањето на партизанскиот одред да дојдат да присуствуваат на свеченоста во девет часот наутро во Цековата бавча, изјави Цоки Ристовски, Сојуз на борци ,Куманово

Освен Јордан Цеков –Дане, дел од партизанскиот одред во тоа време биле и Панче Пешев, Живко Чало, Методи Томовски – Панче, Миле Кипра, Миле Домузлиски. Јордан Цеков е македонски публицист и командант на Третата Македонска Ударна Бригада, учесник во НОБ од 1941 година и поранешен пратеник во Собранието на Народна Република Македонија.

-Од тој одред, за жал, нема живи учесници, имаме само неколку борци кои што се живи кои учествувале во познатата Трета Македонска ударна бригада, изјави Ристовски.

Следната активност на Сојузот на борци од Куманово согласно годишната програма за одбележување значајни датуми е учеството во прославата на 02 август во Меморијалниот центар АСНОМ во организација на Владата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)