Борците ќе ја одбележат битката на Пелинце

Членови на општинскиот одбор на Сојузот на борци во петок, на 13-ти јануари ќе положат цвеќе пред споменикот на паднатите борци во село Пелинце. Се работи за битка која е значајна за Карпошовиот одред, по која е освоена поширока слободна територија на Козјачието. Во битката кај Пелинце животот го загубиле борците Ангел Лазаревски Шајче и Трифун Ангеловски Летеќи.

– Секоја година одиме да го посетиме спомен обележјето кај Пелинце да положиме цвеќе да ги испочитуваме загинатите и да кажеме некој збор што тие го заслужиле, голема чест кон нивните дела, ги имаме во предвид временските услови но ние ќе настојуваме и оваа година со достојна почит да го одбележиме тој настан-изјави Зора Ивановска член на претседателство Сојуз на борци.

На одбележувањето е предвидено присуство на градоначалниците на општините Куманово и Старо Нагоричане, здруженија, делагација на АРМ и продолжувачите на традицијата на народноослободителната и антифашистичката борба.  За граѓаните кои сакаат да присуствуваат на настанот, ќе има организиран превоз, но за истиот ќе можат да се пријават во период од 10 до 12 часот во просториите на Сојузот на борци во зградата на поранешен Комитет.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)