Бочварски: Ја забрзуваме изградбата на пругата кон Бугарија

„Влезени сме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката инфраструктура, гасоводната мрежа и други крупни капитални проекти се со цел да обезбедиме квалитетна и модерна инфраструктура во нашата држава“, истакна министерот Благој Бочварски при увид во изградба на железничката пруга кон Бугарија.

Министерот заедно со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец извршија увид на првата фаза од железничкото поврзување кон Бугарија, на делницата Куманово-Бељаковце.

Проектот опфаќа изградба и рехабилитација на пруга во должина од 30,8 километри, во прва фаза и 34 километри во втора фаза, со вкупна инвестициона вредност од над 200 милиони евра.

Коментари

коментар(и)