„Бреинобреин“ со бројни награди на републички фестивал

Во недела во арената Борис Трајковски во Скопје се одржа 6-тиот Национален Фестивал Бреинобреин Фест 2018, каде што учествуваа над 300 деца од цела Македонија. Како и секоја година центарот од Куманово продолжи со традицијата за освоени награди – 11 трофеи, 6 златни и 6 сребрени медали. Покрај три минутниот натпревар во решавање на задачи, нашиот центар се претстави и со мултитаскинг презентација ( децата читаа цитати на англиски јазик од Малиот Принц и во исто време решаваа низа од броеви). Настанот беше збогатен со перформанси на познати жонглери и магионичари.

-Се радуваме што потенцијалите на децата се се поголеми а резултатите и придобивките се видливи и во училиште. Исто така напомнуваме дека Беинобреин програмата која е застапена на сите континенти, е единствена програма во Куманово која ги детектира и работи со талентираните деца, а работи и во поттикнување на интелектуалниот развој на типични деца на возраст 4-14 год“-истакна Биљана Ивановска, франшизер на центарот Бреинобреин Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)