Бројни кумановски фирми на „црната листа“ на УЈП

Јавни претпријатија, подружници, стотина приватни и правни лица се најдоа на „црната листа“ на должници која ја објави Управата за јавни приходи  на почетокот на новата 2016 година. Се работи за долгови по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност  и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Според првата листа на должници во 2016, ЈП Чистота и Зеленило има долг од над 5 милиони денари, поради неисплатено ДДВ и данок на добивка, а со износ од 1 милион денари должник е и подружницата на Шумско стопанство од Куманово, поради неисплатен данок по друга основа.

На 28-мото место на најголемите должници на листата на УЈП е и Нама А.Д. Куманово, со долг во износ од над 87 милиони денари. Потоа следуваат и КИК А.Д Куманово со 35 милиони денари, Виктор Манев ДООЕЛ со  околу 30 милиони денари, Хуљуси комерц со 50 милиони денари, Искра Кен со над 15 милиони денари, Жито Фарм со 14 милиони денари, а со над 10 милиони долг се и Алми Петрол, Астроида, Волстрит компани и ДС Искра Стил Констракшн.

На листата со долгови се и Винарска визба Кокино, ФК Милано, Биброк А.Д и други приватни фирми, физички лица, компании во стечајна постапка и слично.

Најголеми должници на државата се наоѓа „Македонија пат“ со долг од над 424 милиони денари, од 416 милиони поради неисплатено ДДВ и над 7  милиони поради неисплатен данок на добивка. Веднаш потоа следува Македонски шуми со 221  милиони денари долг. Македонската радио телевизија се наоѓа на 19-то место со долг од 122 милиони денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)