Бројни награди за пензионерите на спортски игри

Дванаесет први места од вкупно 22 спортски дисциплини освоија членовите на Здружението на пензионери Куманово, на регионалните спортски натпревари кои се одржаа во Пробиштип. Тие се натпреваруваа со пензионерите од Пробиштип, Крива Паланка, Злетово и Кратово.

-Машката и женска екипа во стрелаштво, машка и женска екипа во шах, женската екипа во шутирање на мали голови, Блажо Станојков во фрлање на ѓуле, Мирјана Андоновиќ во фрлање на ѓуле, Јасмина Тодоровска и Ружа Спасовска во трчање на 60 метри до 60 и над 60 години, Гоце Ангелов во трчање на 80 метри, Миле Златковиќ во скок од место, а за најдобар шахист е предложен Милислав Серафимовски и стрелец Ѓоко Крстевски. Второ место освои машката екипа во тегнење на јаже и Стевчо Китановски во табла-истакна Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери.

Најдобрите ќе учествуваат на републичкиот натпревар кој ќе се одржи во Кочани, на 2-ри септември.

-Ние многу се подготвувавме преку цела година два пати во месец обично се држат турнири во домино и табла и пикадо, стрелаштво, атлетика, постојано се подготвувавме и покажавме солидни резултати и се надевам дека ќе се пласираме што повисоко оти ние досега што учествувавме ние сме 5 пати на прво еднаш на трето еднаш на четврто и се втори-посочи таа.

Здружението на пензионери вчера учествуваше на фестивалот на староградски песни кој се одржа во Злетово. На први јуни ги очекува гостување во Кавадарци со претставата У кафанчи карши Станче, а на 3-ти во Крагуевац, соседна Србија со изведба на концерт. На 6-ти ќе учествуваат на републичка ревија на музика и игра, на 11-ти ќе бидат домаќини на меѓународен хорски фестивал, а на 19-ти со фолклорната секција ќе заминат во Лесковац.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)