Бројот на вработени во јавниот сектор е намален во 2020 година

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири вчера го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2020 година.

Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131.183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.332 институции.

Од вкупниот број, 19.594 лица се вработени во Армијата, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција.

Она што е за истакнување, рече министерот Шаќири, e дека бројот на вработените во органите на државната власт, претставува само 12,2% од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, односно 15.945 лица.

Од анализата на податоците во извештајот за 2020 година, произлегува дека најголем број на вработени се во дејностите образование 32%, здравство 19 %, управа 14%, комунални дејности на јавните претпријатија 9,6%.

Во споредба со истиот период лани, бројот на вработените во јавниот сектор е намален и тоа за 1.717 лица.

Во однос на образовната структура, во 2020 година е зголемен бројот на вработени лица со високи образовни квалификации. Повеќе од половината, односно 53,62% од вработените лица во јавниот сектор имаат најмалку високо образование, а 2.660 вработени се доктори на науки.

Во однос на родовата структура,  процентот на жени вработени во јавниот сектор е поголем од процентот на мажи и тоа 54,83%, наспроти 45,17%.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)