По повод 40 – годишниот јубилеј”, во четврток ќе се одржи детски музички настан за прослава на „Светскиот ден на млекото “ на млекарницата „Бучен Козјак“. Манифестацијата ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од 11.30 до 14.30 часот.
„Светскиот ден на млекото е одличен повод за да го одбележиме нашиот 40- годишен јубилеј, со најмладите, но во знакот на традицијата, која е силно втемелена во нашата компанија. Затоа, оваа година, го прославуваме овој ден, со поддршка на народната музичка традиција, како потврда за значењето на традицијата. Како општествено одговорна компанија, континуирано поддржуваме проекти кои се во насока на придонес кон едукација и негување на вистинските вредности кај најмладите, со што сакаме да придонесеме во градење на нивните личности. Секако, во тој нивни развој, основно е што ги учиме и за здравите навики и користењето на здрави и квалитетни производи, како што се нашите млечни производи, кои ќе им овозможат да имаат весело детство и здрав раст.
Така и со овој настан, ја покажуваме грижата за нашите најмали потрошувачи, тие да бидат здрави и да растат со вистински вредности. Негувањето на традицијата е наша водилка и за следните генерации, затоа сакаме да се вткаат овие вредности и во растот на најмалите генерации, да ја сакаат традицијата, да ја негуваат и зачувуваат“, велат од „Бучен Козјак“.
Во рамките на настанот, ќе има богата музичка програма, која гарантира добрa забава на децата и посетителите. Предвиден е настап на популарниот фолк пејач Душко Георгиевски, придружуван од познатата инструменталистка Бајса Арифовска. Ќе настапи и младата и талентирана Мартија Станојковиќ, познатата Пинкова ѕвездичка, добропозната на нејзините сограѓани, како и оркестарот Симфониум, ќе бидат изведени музички точки од детските фестивали.
Во текот на целиот настан, посетителите ќе ги дегустираат производите на „Бучен Козјак“.
На манифестацијата, ќе бидат доделени благодарници за учесниците и награди за најдобрите литературни творби, најдобрите ликовни уметници, кои ќе цртаат за време на наградниот дел од креативното катче, а сите ќе добијат и пакет производи од „Бучен Козјак“.
Компанијата „Бучен Козјак“ е општествено одговорна компанија, која континуирано вложува во заедницата, а со оваа манифестација, ја потврдува својата општествена одговорност, преку поддршката на музичката култура и продонес кон негување и зачувување на богатата народна и фолкорна музичка традиција.
Компанијата годинава ја прославува својата 40-годишнина од постоењето, како докажана и една од најуспешните компании од македонската млечна индустрија.
Производите на „Бучен Козјак“ се доминантни во потрошувачката кошница на купувачите, поради континуираниот квалитет и традиционалниот начин на производство, кој ја прави уникатна на пазарот, одвојувајќи ја од конкуренцијата. Производите на млекарницата се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија.
Компанијата „Бучен Козјак“ е основана во 1983 година, а низ својот развој чекори
со јасна визија: „Да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи“.Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на „Бучен Козјак“ зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што „Бучен Козјак“ го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат во креативна работна атмосфера. Компанијата ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварувањето на поставените цели и се стреми кон усовршување на производствените капацитети и персоналот. Потврда на тоа се многубројните награди, признанија и благодарници од разновидни институции и независни агенции кои вршат анализа на пазорот.