Ваучер од 1.000 денари за пензионерите со ниски примања

Здружението на пензионери Куманово ќе доделува еднократна хуманитарна помош на своите членови. Имено, членовите чија што пензија не надминува 10.000 денари, ќе можат да добијат ваучер во износ од 1.000 денари, кој ќе можат да го искористат во одреден прехранбен објект. Ограноците на здружението во трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаат обврска да предложат пензионери, приложувајќи чек кој докажува дека пензијата не ја надминува дозволена сума, како и лична карта, по што ќе се направи селекција. Со оваа мерка годинава е предвидено да се опфатат 350 пензионери.

-Најсреќни и најзадоволни ќе бидеме доколку овие средства завршат кај оние пензионери на кои најмногу во дадениот момент им се потребни. Мислам дека овој проект и активност здружението на пензионери ќе ја заврши успешно. Еднаш искористените средства нема право потоа пензионерите да ги користат, а ние овој проект ќе го практикуваме и во наредните години. Тоа значи наредните три години околу 1.200 пензионери ќе бидат опфатени и ќе ги користат овие бенефити што ги доделува здружението. Тие пензионери плаќаат чланарина и ние во нашите програми уште кога почнавме кажавме дека ќе правиме напор пензионерскиот денар да тргне таму од каде што и доаѓа, кај оние што се најсиромашни и најмногу им се потребни-посочи претседателот на Здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.

Од здружението велат дека пензионерите досега биле организирани за културни и спортски активности, еднократна парична помош, бањски лекување и екскурзии, но не и за социјална хуманитарна помош.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)