Велигденска продажна изложба на „Порака-наша“

Велигденски украси изработени од  корисниците на Дневниот центар „Порака –наша“ и средношколците од здравствената струка денеска се продаваа во трговскиот центар Сума. На иницијатива на родителите на членовите на центарот, се организирале неколку работилници каде што биле изработени  декорациите.

-Средствата одат директно за потребите на дневниот центар, за купување на храна бидејќи храната во центарот доаѓа од донации. Немаме средства постојани од кои купуваме храна туку буквално зависиме од тие донации. Поради тоа се одржуваат вакви продажни изложби кога имаме време и кога има повод за тоа . Ние имаме листа на редовни донатори кои што секој месец си ги извршуваат улогите, не им треба потсетување, ниту посебна молба.  Тие секој месец си го донесуваат она што редовно го доставуваат до нас, изјави Мартина Костовска, психолог во  „Порака-наша“

Соработката на „Порака- наша“ со медицинската струка трае неколку години.

-Ова е традиционално, за Велигден изработуваме украси и сега ги продаваме, заедничка идеја беше , корисниците помагаат во изработките, изјави Стефанија Димитриевска, средношколка во Наце Буѓони

Продажната изложба продолжува утре во истиот термин во трговскиот центар Сума, а попладнето од  15 до 17 часот  и во петок украсите ќе се продаваат во супермаркетот Туш.

Од  дневниот центар посочуваат дека потребите на „ Порака- наша“ се зголемуваат, не само кога станува збор за храна туку и за материјали потребни за секојдневните активности  поради што бараат и нови донатори.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)