Велигденскиот пост – најстрог и најдолг

Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, воздржување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло.

Најстрог и најдолг е Велигденскиот кој трае од Прочка до Велигден.

Велигденскиот пост е единствениот што има подготвителен период од неколку недели, но вистинскиот пост започнува со Чист понеделник, денот по Прочка.

-Моментот кога постиме ние се учиме да бидеме слободни, се одвикнуваме од тоа да бидеме робови на храна, на материјални задоволства, на разни стимуланси и напредувања во животот како најважни, а еден ден кога ќе дојде смртта да ни биде, па да , бевме цело време свесни и се вежбавме, се научивме да живееме и без тоа. Добро ни е и кога има, ама можеме и кога нема. За време на пост покрај тоа што се вежбаме да живееме независни од материјалното, се учиме преку молитва да го љубиме Бога, тој однос е непроценлив, изјави отец Игор Здравковски, портпарол на Кумановско – осоговска епархија

Што се однесува до исхраната за време на постот, телесниот пост подразбира од понеделник до петок без масло зготвени јадења, во сабота и недела јадењата можат  да бидат со масло, а риба се јаде само на празниците Цветници и Благовец.

-Ова важи за луѓе кои што се целосно здрави, оние кои што веќе имаат искуство или пак можат да издржат, се познаваат себе си доволно, а за останатите кои што не можат и спаѓаат во категорија на помали деца, болни повозрасни луѓе, почетници нека поминат во најблискиот храм да си земат благослов од свештеник и пак постот е еден вид послушание, не своеволие, туку послушание, изјави отец Здравковски.

Годинава Велигден ќе се празнува на 19-ти април.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)