Велигденски базар организираше ОУ„11-ти Октомври“

Основното училиште „11-ти Октомври“ денеска организираше велигденски базар кој се одржа во трговскиот центар Сума. Настанот кој има хуманитарен карактер, беше насловен Подај рака на нашето другарче.

-Денеска по повод празникот Велигден секоја година организираме традиционален хуманитарен базар и оваа година исто така решивме овие средства што ќе ги собереме ќе стигнат до нашето другарче од нашето училиште, што ќе замине на операција во јуни. Мислам дека овој начин беше најдобар за собирање средства и го искористивме затоа што сите ученици знаат дека треба да му помогнеме на нашето другарче и најдобро е така, беа вредни сите ученици-посочи Дејана Алексовска, наставник 11-ти Октомври.

Учениците заедно со наставниците ги продаваа велигденските декорации коишто ги избработиле. Основното училиште „11-ти Октомври“ традиционално за поголемите празници организира вакви настани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)